Зеленски му одговари на Трамп: Путин е убиец кој дошол во парк да убива деца

од Vladimir Zorba
30 прегледи

Украинскиот претседател Володимир Зеленски одговори на споредбата на американскиот претседател Доналд Трамп за конфликтот меѓу Украина и Русија со „две деца кои се тепаат во паркот“, велејќи дека таквата аналогија не ја одразува вистинската природа на војната.

Зеленски нагласи дека Украинците „не се деца кои се тепаат со (рускиот претседател Владимир) Путин на игралиштето“, туку дека Путин е „убиец кој дошол во паркот да убива деца“.

Во интервју за ABC News, Зеленски рече дека Трамп, како и секој надвор од Украина, не може целосно да го разбере „страдањето“ на Украинците.

Трамп: Украина ги предизвика руските напади

Претседателот на САД, Доналд Трамп, посочи дека Украина „ги предизвикала руските напади со спроведување на операцијата „Пајажина“.

Одговарајќи на новинарско прашање дали операцијата „Пајажина“ го променила неговиот став за заслугите на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Трамп рече дека тоа му дало причина на рускиот лидер Владимир Путин да ги бомбардира украинските градови, објави „Украинска правда“.

„Му дадоа причина на Путин да ги бомбардира. Тоа не ми се допадна. Кога го видов тоа, си помислив: сега ќе има одмазда“, рече тој.

Слични содржини