Зеленски му порача на Западот: Ако не оставите на цедило, ќе ја создадеме најмоќната армија во Европа

од Vladimir Zorba
263 прегледи

Украина ќе биде принудена да ја создаде најмоќната армија во Европа доколку Западот го остави Киев сам да ги решава прашањата поврзани со ситуацијата во Донбас, изјави украинскиот претседател Владимир Зеленски во интервју за странски медиуми.

„Секој треба да разбере дека било која земја може да биде на наше место. Ако Украина го решава овој глобален проблем самостојно, нема да имаме друг излез освен да се претвориме во многу силна, најмоќна армија во Европа во однос на опремата и војската. Едноставно, ќе потрошиме се што имаме на тоа – многу човечки потенцијал, многу талентирани луѓе“, одговори претседателот на прашањето на новинарите што може да се стори за да се принуди Западот да и помогне на Украина да ги врати териториите што не се под нејзина контрола.

Во тој контекст, Зеленски повтори дека проблемот во источна Украина е проблем на цела Европа.

„Западните земји мора да разберат дека војната во Украина, на границата или на привремено окупираните територии, е првиот сигнал за тоа каде може да избувне утре и на чија граница. Тоа е војна во Европа, но Украинци умираат“, објасни шефот на Украина за странските медиуми.

Во исто време, тој додаде дека „се разбира дека нема ништо добро во војната“.

Раководството на Украина претходно изјави дека украинската армија може да стане најсилна во Европа или дека веќе станала таква. На пример, поранешниот претседател Петро Порошенко во 2015 година изјави дека украинската армија е веќе „една од најсилните на континентот“, објаснувајќи го со тврдење дека наводно „ја запрела руската агресија“.

Москва во неколку наврати нагласи дека Русија не е страна во конфликтот во Украина, туку само посредник во преговорите за регулирање на ситуацијата.