Претседателот Владимир Зеленски во понеделникот го одбележа годишниот Ден на достоинството и слободата на Украина.
Денеска во Украина им се оддаде почит на жртвите на украинскиот народ од инвазијата на Русија, а Зеленски порача дека неговата земја ќе издржи и ќе победи.
🇺🇦 President of Ukraine Volodymyr Zelensky and First Lady of Ukraine Olena Zelenska honored the memory of the Heroes of the Heavenly Hundred pic.twitter.com/1UniOp464y
— MAKS 22🇺🇦 (@Maks_NAFO_FELLA) November 21, 2022
Во видео-обраќањето до нацијата, Зеленски го поздрави придонесот на Украинците, од војници, пожарникари и медицински лица до наставници кои предаваат онлајн часови, селани кои готват за војската, кројачи кои шијат униформи и земјоделци кои ги ораат нивите и покрај ризикот.
Тој го поздрави нивниот напор и покрај честите ракетни напади, големите уништувања, недостигот и тековните прекини на електрична енергија како што се приближува зимата, речиси точно девет месеци од руската инвазија.
„Можеме да останеме без пари. Без бензин. Без топла вода. Без светлина. Но не и без слобода“, рече Зеленски во обраќањето од претседателската палата во главниот град Киев.