Зеленски му се заблагодари на Ковачевски: „С. Македонија беше покрај нас уште од првиот ден и Украина го цени тоа“

од Nikola Popovski
618 прегледи

Премиерот Димитар Ковачевски денеска остварил средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски на вториот состанок на Европската политичка заедница во Кишињев, Молдавија. На средбата присуствувал и албанскиот премиер Еди Рама.

-Задоволство ми е што имав прилика да се сретнам со нашиот пријател, претседателот на Украина, Володимир Зеленски. На нашата средба на која бевме заедно со премиерот на Албанија, Еди Рама, му ја пренесов лично поддршката која ја даваме за одбраната на храбриот украински народ, од неоправдана брутална воена агресија која Русија ја врши врз Украина.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски се заблагодари за поддршката која украинскиот народ ја добива од Северна Македонија, истакна дека таа доаѓа во клучни моменти. “Не правевте калкулации, бевте покрај нас од првиот ден и украинскиот народ и ние го цениме тоа”.

Премиерот Ковачевски потсети дека Северна Македонија е дел од основачката група за формирање на Посебен меѓународен суд за кривичните дела од агресијата, со што јасно се позициониравме и овој пат на вистинската страна на историјата. Украина е меѓу приоритетите при претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ, воедно, Северна Македонија ја подржува евро-атлантската интеграција на Украина и посветеноста на политиката на отворени врати на НАТО.

Слични содржини