Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во Вилнус, каде ќе присуствува на вториот ден од самитот на НАТО во Вилнус, Литванија, јавува Си-Ен-Ен.
Обраќајќи им се на новинарите, Зеленски рече дека има „три приоритетни прашања“ на дневниот ред за денеска.
Тој наведе дека станува збор за нови пакети со оружје, покана за членство во НАТО и „безбедносни гаранции за Украина на патот кон НАТО“.
„Сакаме да бидеме на иста страна со сите со целосно разбирање… и разбирам дека ќе го имаме овој повик кога ќе дозволат безбедносните мерки“, рече Зеленски, мислејќи на кандидатурата на Украина за членство во НАТО.
Андриј Јермак, началникот на кабинетот на украинскиот претседател, на Телеграм напиша дека Киев „ќе разговара за одбраната, безбедноста, оружјето и мировната формула на претседателот Зеленски“ во текот на вториот ден од самитот.
„Во среда Украина ќе учествува на првиот инаугуративен состанок на Советот НАТО-Украина и ќе одржи билатерални состаноци“, наведе Јермак.
Зеленски рече дека очекува „добри вести“ од денешната средба со германскиот канцелар Олаф Шолц на самитот на НАТО во Вилнус.
Зеленски во твит напиша дека средбата меѓу нив започнала.
We started a meeting with Germany 🇩🇪. Dialogue with Olaf Scholz @Bundeskanzler will be meaningful as always. We expect good news regarding the protection of the lives of Ukrainians and our defense.
— Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) July 12, 2023
„Дијалогот со Олаф Шолц ќе биде значаен како и секогаш. Очекуваме добри вести во однос на заштитата на животите на Украинците и нашата одбрана“, рече Зеленски.