Зеленски најави размена на воени заробеници меѓу Украина и Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека во наредниот период се очекува размена на воени заробеници меѓу Украина и Русија, како резултат на првиот круг разговори во кои учествувале и претставници на САД.

од desk4
10 прегледи Фото: Фејсбук/Принтскрин/Володомир Зеленски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека во наредниот период се очекува размена на воени заробеници меѓу Украина и Русија, како резултат на првиот круг разговори во кои учествувале и претставници на САД.

Во своето вечерно обраќање, Зеленски нагласи дека размената претставува важен чекор во тековните дипломатски напори. „Наскоро очекуваме размена на воени заробеници. Нашата цел е да ги вратиме нашите луѓе дома“, порача украинскиот претседател.

Разговори во Абу Даби

Според Зеленски, тој добил извештај од украинската делегација по средбата одржана во Абу Даби, на која учествувале претставници од Русија и Соединетите Американски Држави.

Тој посочи дека бил информиран од министерот за одбрана Рустем Умеров, директорот на разузнавањето Кирило Буданов и пратеникот Давид Арахамија, додавајќи дека комуникацијата со американската страна продолжува и дека разговорите ќе продолжат и утре.

Најавата за можна размена доаѓа откако Зеленски кон крајот на јануари изјави дека Русија ги прекинала размените на заробеници, оценувајќи дека тие повеќе не ѝ носат корист.