Зеленски: Најважно за мене е да ги заштитам животите на војниците

од Stefanija Kuzmanovska
135 прегледи

Украинскиот претседател Владимир Зеленски изјави денеска дека ситуацијата во Бахмут на истокот на Украина е навистина тешка и дека ќе бидат донесени „соодветни одлуки“ доколку тамошните украински војници се во опасност да бидат опколени од руски сили.

Зеленски на прес-конференција во Полска рече дека најважно за него е да ги заштити животите на војниците, пренесе „Ројтерс“.

Тој истакна дека Украина сака Полска да биде клучен партнер во повоената обнова на земјата.

Слични содржини