Зеленски не исклучува повлекување од Бахмут

од Stefanija Kuzmanovska
182 прегледи

За време на посетата на Полска вчера Зеленски рече дека украинските војници се уште се борат за градот Бахмут на истокот на земјата, но дека би можеле да се повлечат доколку ризикуваат да бидат отсечени.

Тој нагласи дека украинските војници се соочиле со навистина тешка ситуација во Бахмут и дека Киев ќе донесе „соодветни“ одлуки за да ги заштити. Додаде дека украинските сили во Бахмут успеале да напредуваат само за да бидат потиснати, но останале внатре во градот.

„Ние сме во Бахмут и непријателот не го контролира“, рече Зеленски.

„За мене најважно е да не ги загубиме нашите војници и секако доколку дојде момент на уште пожестоки напади и опасност да ги загубиме нашите луѓе поради опкружувањето – секако дека соодветни и правилни одлуки ќе бидат направени од тамошните генерали“, рече Зеленски, очигледно алудирајќи на идејата за повлекување.

Сепак, заменик-министерот за одбрана Хана Маљар изјави подоцна во текот на денот дека ситуацијата на фронтот е „целосно под контрола“ и покрај повторените руски обиди да го заземе Бахмут и другите градови на истокот. Таа на Телеграм напиша дека украинските војници секојдневно одбиваат десетици напади околу Бахмут, Лиман, Авдиевка и Маринка.

Слични содржини