Зеленски: Не планираме да ја нападнеме Русија

од Stefanija Kuzmanovska
191 прегледи

Киев не планира да ја нападне територијата на Русија, изјави денеска украинскиот претседател Владимир Зеленски.

„Знам дека луѓето во САД или некој во Белата куќа вели дека можеме да користиме американски повеќе ракетни системи за да ја нападнеме Русија. Видете, ние не планираме да ја нападнеме Русија. Не сме заинтересирани за Руската Федерација и не се бориме за нивната територија“, рече Зеленски во интервју за американската телевизија Newsmax.

Претседателот на Украина посочи дека Украина не е подготвена да отстапи ниту еден дел од својата територија бидејќи во прашање е нејзината независност и суверенитет, пренесува ТАСС.

Слични содржини