Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва денеска изјави дека не ја одржал планираната средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски на маргините на самитот на Групата седум (Г7) во Јапонија бидејќи Зеленски доцнел.
Лула рече дека во неделата го чекал Зеленски да дојде на средбата и дека добил информација дека украинскиот претседател доцни.
„Очигледно тој имаше состаноци и не можеше да дојде“, рече Лула, пренесе „Ројтерс“.
Зеленски претходно изјави дека е најмногу разочаран поради пропуштената билатерална средба со Да Силва, а на новинарско прашање дали е разочаран што средбата не се одржала, Зеленски одговори: „Мислам дека Лула беше разочаран“.