Зеленски: Не смее да има табуа во снабдувањето на Украина со оружје

од Stefanija Kuzmanovska
136 прегледи

Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, денеска во Минхен на заедничка конференција со премиерот на Холандија Марк Руте изјави дека „не смее да има табуа“ во снабдувањето на Украина со оружје.

„Украина и Холандија се согласуваат дека не смее да има табуа во снабдувањето на Украина со оружје, бидејќи тоа го штити украинскиот суверенитет“, навел Зеленски, пренесе „Ројтерс“.

„Сојузниците кои можат да ѝ достават борбени тенкови на Украина треба да го сторат тоа сега“, изјави денеска германскиот канцелар Олаф Шолц, додавајќи дека Германија ќе помогне со обезбедување логистика, снабдување и обука на украинските војници.

„За мене ова е пример за тоа што лидерите можат да очекуваат од Германија“, рече Шолц на Минхенската безбедносна конференција, според транскриптот од неговиот говор, пренесува „Ројтерс“.

Слични содржини