Зеленски: Не смееме да дозволиме непријателот да преземе иницијатива

од Vladimir Zorba
317 прегледи

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика Украинците да продолжат да пружаат отпор, соочени со очекуваните руски напади врз цивилната инфраструктура оваа зима.

„Улогата на нашата земја сега, колку и да е тешка, е да не изгуби сила и да не дозволи непријателот да преземе иницијатива“, рече Зеленски во видео обраќањето.

Минатата зима, помеѓу октомври 2022 и февруари 2023 година, руските сили се обидоа да ја уништат електричната мрежа на Украина со масовни напади што доведоа до чести прекини на струја и недостаток на греење низ целата земја.

Слични содржини