Украинскиот претседател Володимир Зеленски на брифинг во Брисел изјави дека имал билатерална средба со белгискиот премиер Барт де Вевер.
Тој ги опиша разговорите како „добри“, но додаде дека не успеал да го убеди да ги повлече своите приговори за користење на блокираните руски средства за репарацискиот заем за неговата земја.
Украинскиот претседател посочи дека можеби ќе биде потребно малку повеќе време, но нагласи дека одлуката треба да се донесе до крајот на годината.
Зеленски, исто така, рече дека не ги поддржува измените во украинскиот устав за повлекување од НАТО.
„Не мислам дека треба да усвоиме амандмани на украинскиот устав, украинскиот народ треба да одлучи дали да го измени, а не Русија“, рече украинскиот претседател. Ова беше неговиот одговор на прашањето дали ги поддржува уставните амандмани за повлекување на неговата земја од НАТО.
Сакаме одговор на прашањето што би направиле САД и нашите други партнери доколку Русија повторно нè нападне, рече Зеленски, додавајќи: „Би сакал САД да извршат поголем притисок врз Русија.“
Според украинскиот претседател, прашањата за иднината на Донбас и нуклеарната централа Запорожје остануваат нерешени во досегашните мировни преговори.