267
Не може да има „одржлив мир“ во Украина доколку Киев не ја врати контролата врз Крим, Донбас и другите територии окупирани од Русија, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Зеленски ова го изјави на бизнис форумот на Европската куќа Амброзети во Италија, пишува „Гардијан“.
Весникот додава дека руски и меѓународни претставници објавиле дека во моментов нема изгледи за директни мировни преговори меѓу Украина и Русија, бидејќи војната се уште беснее, а Киев се обидува да ја врати територијата преку контраофанзива.