Зеленски: Нема опасност од „инвазија“ од правец на Белорусија

од Stefanija Kuzmanovska
295 прегледи

Претседателот на Украина Володимир Зеленски изјави дека нема опасност од „инвазија“ од правец на Белорусија.

„Имајќи ги предвид разузнавачките податоци и преземените мерки, нема опасност од инвазија од Белорусија. Ова е извештај на шефот на Главната разузнавачка управа на министерството за одбрана на Украина, Буданов“, напиша Зеленски на Телеграм.

Зеленски претходно му нареди на врховниот командант на вооружените сили на Украина Валериј Залужни да го зајакне одбраната во белорускиот правец.

Полскиот претседател Анджеј Дуда исто така изјави дека Варшава е подготвена дополнително да ја зајакне одбраната на границата со Белорусија, пренесува „Спутник“.

Слични содржини