Украинскиот претседател Владимир Зеленски денеска изјави дека ако Москва продолжи со референдуми за приклучување кон Русија на териториите окупирани од руските сили во Украина, преговорите со Украина или нејзините меѓународни сојузници нема да бидат можни.
„Доколку окупаторот продолжи по патот на лажни референдуми, тие ќе ја затворат вратата за секаков вид разговори со Украина и слободниот свет, што дефинитивно ќе ѝ треба на руската страна во одреден момент“, рече Зеленски, пренесе „Ројтерс“.
Руските и украинските власти одржаа неколку рунди разговори од почетокот на рускиот напад врз Украина, но од март не се одржаа никакви разговори.
Двете страни меѓусебно се обвинуваат за прекин на контактот.