ЗЕЛЕНСКИ ОБЈАВИ ФОТОГРАФИИ ОД БАХМУТ: Нема место кое не е облеано во крв

од Vladimir Zorba
201 прегледи

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ на Украина, Володимир Зеленски објави на „Телеграм“ фотографии од Бахмут, за кој вели дека бил уништен од руската армија.

– Минатата година таму живееле 70.000 луѓе. Сега таму останаа само неколку цивили. Нема место кое не е облеано во крв. Нема час кога не се слуша страшниот татнеж на артилерија. Сепак, Бахмут стои. Нашите одбранбени сили стојат. Украински Донбас стои – тврди Зеленски.

Претседателот на Украина ја оцени ситуацијата во Донбас, на истокот на Украина, како „тешка и болна“.

– Бахмут, Кремина и други области во Донбас, сега бараат максимална сила и концентрација. Ситуацијата таму е тешка, болна – рече претходно Владимир Зеленски во видео-обраќање.

Слични содржини