Бројот на повредени во рускиот напад врз Николаев се зголеми на 23, меѓу кои и едно дете, а едно лице загина. Ова го потврди украинскиот претседател Владимир Зеленски, кој објави видео на кое се гледа штетата предизвикана од рускиот напад врз Николаев во текот на ноќта.
Зеленски напиша дека Русија не престанува да докажува дека главната цел на војната е теророт и уништувањето на Украинците и се што е украинско, објави „Гардијан“.
⚡️ Volodymyr Zelenskyi posted a video on the consequences of the russian shelling of Mykolaiv:
“At the moment, it is known about 1 killed and 23 wounded, including a child. Eternal memory to the deceased and speedy recovery to the wounded.” pic.twitter.com/gEkxMjQGha
— FLASH (@Flash_news_ua) April 27, 2023
„Во текот на ноќта Русија го гранатираше Николаев со четири проектили истрелани од Црното Море, а оружјето со висока прецизност беше насочено кон приватни куќи, историска зграда и повеќекатница.
Во моментов знаеме за еден загинат и 23 ранети, меѓу кои и едно дете. Вечен спомен на починатите, а на ранетите брзо оздравување“, напиша Зеленски.