201
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека е „очигледно“ дека рускиот претседател Владимир Путин стои зад изненадната смрт на Алексеј Навални (47).
Зеленски, говорејќи од Германија, рече дека на Путин не му е грижа кој ќе умре се додека неговата позиција на шеф на државата е сигурна.
Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални (47), кој отслужуваше затворска казна во регионот Јамало-Ненец на крајниот север на Русија, почина денеска во затвор, соопшти Регионалниот оддел за воспитно-поправни служби.