Зеленски: Од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас, испораката на оружје за Украина е намалена

од Stefanija Kuzmanovska
142 прегледи

Украинскиот претседател Володимир Зеленски навел дека испораката на клучните артилериски гранати во неговата земја е намалена по почетокот на војната меѓу Израел и Хамас.

„Испораките се намалени. Сите се борат за своите резерви. Тоа е живот, не велам дека тоа е позитивно, но тоа е живот и ние мора да го браниме она што е наше“, истакнал Зеленски, пренесува „Тајмс оф Израел“.

Тој посочил дека е намалена испораката на гранати со дијаметар од 155 милиметри, кои се користат на линијата на источниот и јужниот фронт во Украина.

Слични содржини