127
Украинскиот претседател Владимир Зеленски во четврток на 9 февруари ќе дојде во Брисел за да учествува на вонредниот самит на лидерите на Унијата, објавија денеска европските медиуми.
Европските институции од безбедносни причини се уште ја немаат потврдено точната програма на посетата, но се очекува на самитот да присуствува и Зеленски.
Има најави и дека Зеленски ќе се обрати во Европскиот парламент, но официјална потврда нема.