Зеленски по посетата на Бајден: Во Украина се одлучува за иднината на светскиот поредок

од Stefanija Kuzmanovska
140 прегледи

Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, во своето ноќно видео обраќање до нацијата рече дека иднината на светскиот поредок зависи од ситуацијата во неговата земја.

Тој ѝ се обрати на украинската јавност по ненадејното доаѓање на американскиот претседател Џо Бајден.

„Токму сега, овде во Украина, се одлучува за иднината на светскиот поредок, кој се заснова на правила, хуманост и предвидливост. Потребна ни е одлучност. Денеска видов таква одлучност кај претседателот Бајден“, рече Зеленски.

Тој додаде дека одбраната и другите потреби за запирање на руската агресија веќе им се добро познати на украинските партнери.

Потсетуваме, при ненадејната посета на Украина, Бајден најави дека Украина ќе добие нов пакет помош во вредност од 500 милиони долари, кој ќе биде јавно објавен утре.

Зеленски рече дека со американскиот претседател разговарал за испорака на оружје со долг дострел, како и за зајакнување на поддршката на западните сојузници за Украина, пренесува „Ројтерс“.

Слични содржини