Шефот на украинската држава, Володимир Зеленски изрази подготвеност да ја напушти функцијата доколку е потребно за мир во Украина или „во замена за НАТО“.
„Ако заради мирот во Украина треба да ја напуштам мојата позиција: подготвен сум. Можам веднаш тоа да го заменам и за влез во НАТО, доколку условите се поволни“, рекол Зеленски на прес-конференција во Киев.
Според дел од пишувањата на странските агенции, претседателските овластувања на Зеленски официјално истекоа на 20 мај 2024 година.
Според зборовите на Зеленски, американскиот претседател Трамп сака да наплати 100 отсто од помошта обезбедена во рамки на договорот за фосилни горива.
„Десет генерации Украинци би плаќале за тоа. Не го потпишувам“, додал тој.
Зеленски ги отфрли тврдењата дека Украина им должи на САД 500 милијарди долари.
„Не сакам да гледам на грантовите како на заеми“, кажал Зеленски и додал дека знае како „да се договори со сериозни луѓе“.
Американскиот специјален пратеник за Блискиот Исток, Стивен Виткоф, изјави за Си-Ен-Ен дека мировниот договор во Украина може да биде постигнат „прилично брзо“.
„Јас сум оптимист и уверен сум, како и сегашниот претседател (Доналд Трамп), дека можеме да спроведеме многу брзо“, кажал Виткоф.
Како доказ за неговите очекувања, Виткоф ги навел американско-руските разговори во Саудиска Арабија, кои ги опиша како „позитивни и конструктивни“.