Зеленски поднесе предлог за продолжување на мобилизацијата

од Stefanija Kuzmanovska
214 прегледи

Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, денеска до Врховната Рада поднесе предлог-закон за продолжување на периодот на мобилизација и вонредната состојба во Украина, кој истекува на 21 ноември.

Јарослав Железњак, пратеник во Врховната рада, како што го нарекуваат украинскиот парламент, смета дека воената состојба и мобилизацијата во Украина може да бидат продолжени за уште 90 дена – до 20 февруари 2023 година, пренесува РИА Новости.

„На следниот пленарен состанок повторно ќе се продолжи вонредната состојба и општа мобилизација. Релевантните документи на претседателот се веќе регистрирани во парламентот. Со голема веројатност продолжувањето повторно ќе биде за 90 дена: односно до 20 февруари 2023 година“, напиша Железњак на социјалната мрежа Телеграм.

Слични содржини