Претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска соопшти дека уништувањето на браната Каховка на југот на земјата оставило стотици илјади луѓе без нормален пристап до вода за пиење.
„Уништувањето на еден од најголемите резервоари за вода во Украина е апсолутно намерно. Стотици илјади луѓе останаа без нормален пристап до вода за пиење“, наведе Зеленски на Телеграм, пренесува Ројтерс.
Браната Каховка беше уништена во вторникот, водата од акумулацијата се излеа и го поплави околниот простор.