Зеленски посакува оружје и гаранции од НАТО пред преговорите со Москва

од Nikola Popovski
42 прегледи

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека на неговата земја ѝ треба повеќе оружје и безбедносни гаранции од НАТО, пред можните преговори со Русија за ставање крај на инвазијата на Украина, започната во 2022 година.

Зеленски зборуваше по средбата со новата шефица на европската дипломатија Каја Калас и новата претседателка на Европскиот совет Антонио Кошта, кои беа во посета на Киев на првиот ден од нивниот мандат.

Тензиите меѓу Москва и Западот се на највисоко ниво по украинскиот напад од американски и британски ракети на руска територија и руското истрелување на експериментална хиперсонична ракета и руските нуклеарни закани.

Зеленски пораќал дека на неговата земја „ѝ треба оружје, вклучувајќи добар или доволен број ракети со долг дострел од различни типови“.

„Повикот Украина да се приклучи на НАТО е неопходен за нашиот опстанок“, додал украинскиот претседател, додека Москва тврди дека ја започнала инвазијата за да спречи приближување меѓу Киев и воената Алијанса.

„Откако кога ќе ги имаме сите овие елементи и ќе бидеме силни, ќе мора да го утврдиме … дневниот ред на состанокот со убијците“, кажал Зеленски.

Неколку часа претходно, претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта изјави дека неговата посета на Киев е јасна порака.

„Ние стоиме покрај Украина и продолжуваме да ѝ даваме целосна поддршка“, рекол Кошта на новинарите.

Новиот тим на Европската унија сака да покаже силна поддршка за Украина во време кога нејзините сили се повлекуваат од фронтот и во моменто кога претстојното пристигнување на Доналд Трамп во Белата куќа предизвикува страв од крајот на американската помош за Киев.

Калас порачала дека „најсилната гаранција за безбедност (за Украина) е членството во НАТО“.

Западните дипломати, сепак, сметаат дека има мали шанси Алијансата да го одобри статусот за членство на Украина во блиска иднина, со оглед на противењето на голем број земји кои стравуваат дека тоа директно ќе ги вовлече во војна со Русија.

Слични содржини