Украинскиот претседател Володимир Зеленски повика на построги санкции против Москва за да се запре протокот на делови за производство на руски ракети.
Тој, исто така, истакна дека за Киев и неговите сојузници е поевтино да го запрат нивниот транзит отколку постојано да ги подобруваат противвоздушните системи за да го елиминираат нивниот ефект.
Ова е втор пат за нешто повеќе од една недела Зеленски да повика на построги мерки насочени кон запирање на, како што го нарекуваат украинските власти, рускиот „ракетен терор“ врз цивилни цели, пренесува „Ројтерс“.