126
Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, денеска изјави дека инсистира на нови и побрзи санкции на ЕУ против Русија, на заедничкиот брифинг со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, во Киев.
„Разговаравме за нови санкции против Русија, особено за десеттиот пакет санкции. Ова е заедничка европска задача – да се намали способноста на Русија да ги заобиколи санкциите и колку побрзо и подобро се изврши оваа задача, толку поблиску ќе бидеме до поразот на Русија“, рече Зеленски, пренесува „Украинформ“.
Тој оцени дека темпото на воведување санкции против Русија е забавено и дека Русија ја зголемува брзината со која се прилагодува на санкциите и укажа на потребата тоа да се коригира.