348
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека во светот има доволно системи за противвоздушна одбрана и можност за производство на оружје за одбрана и дека на Украина и треба оружје сега за да спаси животи на луѓе.
„Сега се потребни решенија – не еден ден, туку за луѓето кои трпат терористички напади секој ден и секоја вечер“, рече Зеленски во видео обраќањето.
Тој изјави дека руските сили во текот на ноќта истрелале 20 дронови Шахед, пренесува Укринформ.