250
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во ноќното обраќање потврди дека украинската армија постигнала одреден напредок на фронтот во правец на Бахмут.
За време на своето обраќање до нацијата, Зеленски рече дека Русија хистерично го следи секој чекор на украинската армија и секоја позиција што ја заземаат војниците.
„Непријателот знае дека Украина ќе победи. Тие го гледаат тоа. Го чувствуваат поради нашите удари, а посебно на оние во Доњецката област. Војници, ви благодарам за тоа. Ви благодарам на сите“, рече Зеленски.