239
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска предложи сегашната забрана за извоз на украинскиот природен гас да се продолжи до цела 2024 година, пренесува Ројтерс.
Со оваа уредба Зеленски ја повика и Владата на Украина да го зголеми капацитетот на украинскиот систем за пренос на гас „за да се обезбеди увоз на природен гас и негова акумулација во подземните складишта“.
Шефот на најголемата украинска компанија за гас Нафтогас Олексиј Чернишов на почетокот на годинава изјави дека Украина планира да го зголеми производството на гас во 2023 година на 19,1 милијарди кубни метри гас и дека се надева дека Киев нема да мора да увезува гориво во текот на зимата.