286
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска на отворањето на самитот Украина-Југоисточна Европа во Тирана предложи да се одржи посебен украинско-балкански форум на одбранбените индустрии со цел зајакнување на воениот потенцијал на регионот.
„Во војна од големи размери, докажавме дека е можно да се издржи и совлада дури и непријател кој изгледаше како еден од најмоќните во светот. Секоја нација може да биде успешна во одбраната кога различните нации соработуваат и кога луѓето се доволно мотивирани да пружат отпор“, наведе тој.
Според него, денес во Украина работат околу 500 одбранбени компании во различни области, но тоа не е доволно за да се победи рускиот претседател Владимир Путин.