Зеленски: Претседателските избори не се легитимни, на Путин треба да му се суди во Хаг

од Vladimir Zorba
283 прегледи

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека изборите за претседател на Русија не се легитимни, додавајќи дека тоа се „симулација на избори“.

„Рускиот диктатор симулира нови избори. На сите во светот му е јасно дека оваа личност, како што често се случувало низ историјата, едноставно ја сака моќта и прави се за да владее вечно“, рече Зеленски во видео-обраќање, пренесува Ројтерс.

Тој додаде дека на Путин треба да му се суди во Хаг.

Слични содржини