Зеленски: Преземени се чекори за уште поголема изолација на Русија од светот

од Stefanija Kuzmanovska

Украина ќе се обиде да ја консолидира меѓународната поддршка, да ги зајакне своите одбранбени способности и да ја зголеми меѓународната изолација на Русија по руските ракетни напади, изјави украинскиот претседател Владимир Зеленски.

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба изјави дека Владата на таа земја бара одлучен одговор од Обединетите нации за руските ракетни напади ширум Украина.

Зеленски на Твитер објави дека „ги координирале чекорите со претседателот на Полска Анджеј Дуда“.

„Ќе работиме на консолидирање на меѓународната поддршка, зајакнување на одбранбените капацитети на Украина, обнова на уништеното, како и зголемување на изолацијата на Русија“, напиша Зеленски на Твитер.

Слични содржини