(ВИДЕО) Зеленски пристигна кај Трамп: Се очекува да биде потпишан договор за ретките минерали

од Milan1
33 прегледи

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна на средба кај американскиот претседател Доналд Трамп во Вашингтон. Тема на средбата ќе бидат безбедносните гаранции и помошта за спречување евентуален нов руски напад, како и потпишување договор за ретките минерали.

Зеленски, кој продолжува да се залага за членство на Украина во НАТО или слични безбедносни аранжмани, ќе се обиде да добие одговори од Трамп за клучните прашања како што се дали САД планираат да ја прекинат воената помош за Украина, дали Киев ќе може да купи американско оружје и дали Украина ќе може да ги користи замрзнатите руски средства за купување оружје, посочува „АП“.

Трамп претходно рече дека американското присуство во рударскиот сектор на Украина може да послужи како „автоматска безбедносна гаранција, бидејќи никој нема да прави проблеми кога Американците се таму“.

 

Слични содржини