Украинскиот претседател Владимир Зеленски пристигна во САД, пренесе новинар на Си-Би-Ес.
Како што објави Си-Ен-Ен, украинскиот претседател Зеленски дошол во САД со американски воен авион. Тој во Вашингтон најпрвин ќе се сретне со американскиот претседател Џо Бајден, со кого ќе одржи заедничка прес-конференција.
Во 15:15 часот ќе пристигне во зградата на американскиот Конгрес, а час и 15 минути потоа ќе им се обрати на претставниците.
Zelenskiy’s schedule in Washington, per White House:
2pm: Biden welcomes Zelenskiy on the South Lawn
2:30pm: Bilateral meeting in the Oval Office
4:30pm: Biden-Zelenskiy deliver a joint press conference
(Zelenskiy last visited the White House in September, 2021) pic.twitter.com/qVvCvjJu8E
— annmarie hordern (@annmarie) December 21, 2022
Тоа ќе биде негова прва странска посета на земја откако Русија ја нападна Украина во февруари.
„За време на мојата работна посета на САД ќе разговарам за зајакнување на одбранбените капацитети на Украина. Конкретно, јас и американскиот претседател Бајден ќе разговараме за соработката меѓу Вашингтон и Киев. Постои можност да се обратам во Конгресот и да одржам серија билатерални средби“, соопшти Зеленски на Твитер.
Во писмото од вторникот вечерта, претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, ги повика конгресмените вечерва да бидат присутни во Конгресот.
Joe Biden and Volodymyr Zelenskyy will discuss scenarios for ending the war
U.S. State Department spokesman John Kirby said this in an interview with CNN.
1/2 pic.twitter.com/aJRg5a47Y0— NEXTA (@nexta_tv) December 21, 2022
Зеленски беше домаќин на бројни светски лидери во Киев, телефонски разговараше со колеги од странство и учествуваше на видео конференции од Киев.