Зеленски пристигна во Полска: Наскоро средби со Дуда и Моравјецки

од Stefanija Kuzmanovska
142 прегледи

Украинскиот претседател Владимир Зеленски денеска пристигна во Полска, соопшти кабинетот на полскиот претседател.

Посетата, која беше најавена од Полска оваа недела, но не и официјално потврдена од Киев, доаѓа во време кога Украина планира да започне контраофанзива во наредните недели или месеци за да ја врати окупираната територија од Русија на својот исток и југ.

Помошникот на полскиот претседател Марчин Пшидач потврди дека Зеленски пристигнал во Полска.

Во изјава за медиумите во вторникот пред посетата, тој најави дека посетата „треба да се сфати како знак на доверба и благодарност кон Полска и Полјаците“.

„За време на посетата, Зеленски ќе се сретне со претседателот Анджеј Дуда и премиерот Матеуш Моравјецки и ќе разговара со украинските бегалци и полската јавност“, рече Пшидач.

„Нема да биде изненадување што украинската страна бара поголема поддршка од Полска и другите странски партнери, но мора да бидеме свесни дека Полска веќе направи многу“, нагласи полскиот функционер.

Слични содржини