Зеленски призна дека украинските сили се повлекле од Лисичанск

од Stefanija Kuzmanovska
260 прегледи

Украинскиот претседател Владимир Зеленски синоќа призна дека украинските сили се повлекле од Лисичанск во Донбас, но исто така вети дека ќе ја врати контролата врз таа област, „благодарение на тактиката на армијата и изгледите дека ќе пристигне ново, подобрено оружје“.

„Ако командантите на нашата армија ги повлечат луѓето од одредени точки на фронтот, каде што непријателот има најголема предност, а тоа се однесува и за Лисичанск, тоа значи само една работа“, рече Зеленски во видео-обраќањето, пренесе „Ројтерс“.

Украинската воена команда вчера објави дека украинските сили биле принудени да се повлечат од источниот град Лисичанск, последното упориште на Киев во областа Луганск.

Слични содржини