Зеленски прогласен за ЛИЧНОСТ НА ГОДИНАТА од магазинот „Тајм“ (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
250 прегледи

Претседателот на Украина, Владимир Зеленски и „духот на Украина“ се прогласени за личност на годината за 2022 според изборот на магазинот „Тајм“.

„Без разлика дали битката за Украина нè исполнува со надеж или страв, Владимир Зеленски го раздвижи светот на начин каков што не сме го виделе со децении. Во неделите откако руските бомби почнаа да паѓаат на 24 февруари, неговата одлука да не избега од Киев, туку да остане и собере поддршка беше судбоносна“, наведува уредникот на „Тајм“.

Како што рече, изборот на Зеленски бил јасен.

„Од неговата прва објава од 40 секунди на Инстаграм на 25 февруари – покажувајќи го неговиот кабинет и граѓанското општество недопрени и на место – до секојдневните говори одржани од далечина во домови како Парламентот, Светската банка и Греми наградите, украинскиот претседател беше насекаде. Неговата информациона офанзива го смени геополитичкиот временски систем, предизвикувајќи бран на акции што го зафати светот“.

Духот на Украина беше отелотворен од безброј поединци внатре и надвор од земјата кои придонесоа во борбата против окупаторите.

Слични содржини