Зеленски: ПС на Советот на Европа го прогласи режимот во Русија за „терористички“

од Stefanija Kuzmanovska
176 прегледи

Украинскиот претседател Владимир Зеленски на социјалните мрежи објави информација дека Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) денеска усвоило резолуција со која режимот во Русија е означен како „терористички“.

„Го поздравувам денешното усвојување на резолуцијата на ПССЕ, во која сегашниот режим на Руската Федерација се нарекува терористички. Ова е силен сигнал до светската заедница и Русија дека казнувањето за злосторства е неизбежно!“, објави Зеленски на Твитер.

Украинскиот претседател денеска се обрати пред Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), и изјави дека дијалогот меѓу Европејците има историски важни резултати.

„Гледаме акции кои ја направија Европа посилна од кога било досега. Никогаш во историјата обединета Европа не била толку силна како што е денес. Значи, фокусирајте се на се што е потребно за да ги спречите руските терористи да ни ги уништат животите“, рече украинскиот претседател.

Слични содржини