Украинскиот претседател Владимир Зеленски го предупреди светот дека Владимир Путин не блефира кога вели дека ќе користи нуклеарно оружје.
Зеленски во неделата предупреди дека нуклеарната војна „може да биде реалност“ бидејќи Русија ги зголемува своите закани со нуклеарно оружје.
„Тој сака да го исплаши целиот свет. Видете, можеби тоа вчера беше блеф. Сега би можело да биде реалност. Тој ја таргетираше и ја зазеде нашата нуклеарна централа и градот Енерходар. Оваа нуклеарна централа има шест блока. И… тој продолжува со уцените во врска со извезувањето струја во Европа“, рече Зеленски за рускиот претседател Владимир Путин во интервју за Си-Би-Ес.
Тој го обвини Кремљ за „нуклеарна уцена“.
„Не мислам дека тој блефира. Мислам дека светот го одвраќа и ја спречува оваа закана. Мораме да продолжиме да вршиме притисок врз него и да не дозволиме да продолжи“, рече Зеленски.
Коментарите уследија кога лидерот вети дека руските војници кои ќе се предадат ќе бидат третирани на „цивилизиран начин“.
„Ќе бидете третирани на цивилизиран начин… никој нема да ги знае околностите на вашето предавање“, рече украинскиот лидер, зборувајќи на руски за време на обраќањето до нацијата.