Зеленски разговараше со претседателот на Швајцарија за подготовките за мировниот самит

од Vladimir Zorba
191 прегледи

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, телефонски разговараше со претседателката на Швајцарија, Виола Амхерд, за подготовките за првиот Глобален самит за мир во Швајцарија, закажан за јуни оваа година.

Русија постојано повторува дека нема да учествува на конференцијата во Швајцарија бидејќи, како што вели, таа земја се откажала од својата неутралност кон војната во Украина.

„Разговарав со Виола Амхерд и ѝ се заблагодарив на Швајцарија за стабилната поддршка, особено за одлуката да одвои 5 милијарди швајцарски франци за обнова на Украина. Разговаравме за подготовките за првиот Глобален самит за мир во Швајцарија, закажан за јуни оваа година. напиша Зеленски на каналот Телеграм, пренесува Укринформ.

Слични содржини