Зеленски: Русија го игнорираше американското барање и го прекрши енергетското примирје

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија го прекршила договореното енергетско примирје, иницирано по барање на Соединетите Американски Држави, со масовен напад врз Украина во ноќта меѓу 2 и 3 февруари. Според Зеленски, со тоа Москва ги игнорирала апелите за воздржаност за време на тековните контакти меѓу преговарачките тимови.

од desk4
7 прегледи Фото: Фејсбук/Володомир Зеленски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија го прекршила договореното енергетско примирје, иницирано по барање на Соединетите Американски Држави, со масовен напад врз Украина во ноќта меѓу 2 и 3 февруари. Според Зеленски, со тоа Москва ги игнорирала апелите за воздржаност за време на тековните контакти меѓу преговарачките тимови.

Изјавата беше дадена на заедничка прес-конференција во Киев со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. Зеленски посочи дека постоело јасно барање од американска страна нападите врз енергетскиот сектор и критичната инфраструктура да бидат запрени најмалку една недела, но тоа ветување, како што рече, било прекршено.

„Енергетското примирје практично започна во ноќта меѓу петок и сабота, а синоќа Русија повторно го прекрши договорот“, изјави Зеленски, додавајќи дека нападите биле изведени токму во најстудениот период од зимата, кога температурите во делови од Украина паѓаат под минус 20 степени Целзиусови.

Според украинскиот претседател, во последниот напад Русија лансирала 71 ракета и 450 дронови, намерно зголемувајќи го интензитетот на нападите. Украинската противвоздушна одбрана, како што информираше, соборила или попречила 450 од вкупно 521 воздушна цел. Сепак, регистрирани биле 27 ракетни погодоци и 31 удар од дронови на 27 локации низ земјата.

Зеленски најави дека ќе ја информира американската страна за нападот и порача дека очекува меѓународните партнери да реагираат и да не останат неми на случувањата во Украина. Тој повторно нагласи дека на Киев му се потребни дополнителни ракети за зајакнување на системите за противвоздушна одбрана, како и дека работата на украинската делегација во мировните преговори ќе биде прилагодена поради нападите врз енергетската инфраструктура.