Украинскиот претседател Владимир Зеленски денеска изјави дека Русија во моментов контролира 20 отсто од територијата на Украина.
„Мораме да се браниме од речиси целата руска армија. Сите борбено подготвени руски воени формации се вклучени во оваа агресија“, рече Зеленски во видео-обраќањето пред Парламентот на Луксембург, пренесува „Ројтерс“.
Претседателот на Украина истакнува дека линијата на фронтот се протега на повеќе од 1.000 километри.