Зеленски: Русија нѐ нападна со 900 бомби, 500 дронови и 30 проектили

од Nikola Popovski
61 прегледи

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска соопшти дека Русија минатата недела ја нападна Украина со над 900 бомби, речиси 500 беспилотни летала од типот Шахид, како и со 30 проектили.

-Повеќето од тие напади беа насочени кон цивилни објекти и критична инфраструктура, рече Зеленски, објави „Киев Индипендент“.

Украинскиот лидер преку својот канал на Телеграм објави дека таквите напади немаше да бидат можни доколку сојузниците ѝ дадоа на Украина доволно оружје со долг дострел и воведоа навистина ефикасни санкции против Русија што ќе ја спречат да увезува клучни компоненти за производство на беспилотни летала и ракети.

Тој, исто така, додаде дека сите овие напади немаше да се случат доколку сојузниците на Киев донесоа политички одлуки „кои можат да ја уништат желбата на Русија за борба“.

„Украина заслужува ист вид на сигурна безбедност како и сите други наши партнери во слободниот свет“, заклучи Зеленски.

Регионалните украински власти денеска соопштија дека во руските напади изминатиот ден загинале три лица, а уште 24 се повредени, како и дека се уништени и оштетени бројни станбени куќи и инфраструктурни објекти.

Слични содржини