Повикувајќи се на извештај на украинската тајна служба, украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека Русија го разгледува сценариото за терористички напад на нуклеарната централа Запорожје.
„Терористички напад со истекување на радијација. Тие подготвија сè за ова. За жал, морав неколку пати да потсетам дека радијацијата нема национални граници, а кого ќе погоди зависи само од насоката на ветрот“, напиша Зеленски на Твитер.
We have just had a report from our intelligence and the Security Service of 🇺🇦.
Intelligence has received information that Russia is considering a scenario of a terrorist attack on the Zaporizhzhia nuclear power plant. A terrorist attack with radiation leakage. They have prepared… pic.twitter.com/WK6qM090Ru— Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) June 22, 2023
Тој тврди дека Украина ги споделува сите достапни информации со своите партнери.
„Европа, Америка, Кина, Бразил, Индија, Арапскиот свет, Африка – сите земји, апсолутно сите треба да го знаат ова. Меѓународни организации. Сите. Никогаш и никаде не смее да има терористички напади врз нуклеарни централи. Овојпат не треба да биде како со Каховка – светот е предупреден, па светот може и мора да дејствува“, напиша Зеленски на Твитер.