Зеленски: Русија сака да ја распарчи цела Централна и Источна Европа

од Vladimir Zorba
266 прегледи

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека целите на Русија се многу подалеку од сегашната војна против Украина.

„Крајната цел на руското раководство не е само да ја окупира територијата на Украина, туку да ја распарчи цела Централна и Источна Европа и да и зададе глобален удар на демократијата“, рече тој во видео пораката објавена доцна навечер во вторникот на Телеграм.

Една од целите на Москва е „глобален удар против демократијата“, рече Зеленски.

Во „слободниот свет“ практично сите разбраа дека инвазијата на Украина е само почеток, додаде тој.

Продолжувањето да ја напаѓа Украина, на пример во регионот на Одеса, на југот на земјата или во Донбас, на исток, само ќе донесе „нови загуби“ за Русија, предвиде Зеленски.

„Тоа би резултирало со нов пакет санкции на Европската унија или повеќе трговски ограничувања, а повеќето Руси ќе мора со сиромаштија да платат за агресивната владина политика на Москва“, рече Зеленски.