221
Украинскиот претседател Владимир Зеленски тврди дека руското раководство се подготвува да мобилизира до милион луѓе.
„Онапред беа отпечатени 300.000 повици за мобилизација во Русија, но руското раководство се подготвува да мобилизира до милион луѓе“, рече Зеленски во видео-обраќање, пренесува „Интерфакс Украина“.
„За мажите во Русија ова е избор да умрат или да живеат, да бидат осакатени или да останат здрави. За жените во Русија е избор да ги загубат своите сопрузи, синови, внуци засекогаш или да се обидат да ги заштитат од смрт, од војна, од еден човек“, истакнува Зеленски.