Зеленски: Русите ги насочија своите најголеми напори на Соледар, таму е исклучително тешко

од Stefanija Kuzmanovska
179 прегледи

Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, изјави дека руските сили ги насочиле своите најголеми напори на Соледар, додавајќи дека резултатот од таа тешка и долготрајна битка сепак ќе биде ослободување на целиот Донбас.

Во видео обраќање, Зеленски им се заблагодари на сите украински војници кои го бранат Бахмут и на оние кои се спротивставуваат на новите и уште посилни напади на руските сили во Соледар, пренесува „Униан“.

„Исклучително е тешко – таму речиси и да нема цели ѕидови… Благодарение на непоколебливоста на нашите војници таму, во Соледар, освоивме дополнително време и дополнителни сили за Украина“, рече Зеленски.

Слични содржини