Зеленски: Руската нафтена индустрија ја плаќа цената на војната, ќе биде уште посилно погодена

„Рафинериите за нафта во Русија веќе ја чувствуваат вистинската цена на војната и ќе платат уште повеќе. Си поставивме задача да ја прошириме употребата на нашите капацитети со долг дострел“, рече Зеленски во објава на социјалната мрежа X.

од Vladimir Zorba
17 прегледи Фото: Фејсбук/Принтскрин/Официјален профил на Володомир Зеленски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека главна тема на состанокот на украинскиот Генералштаб е зајакнување на капацитетите на Украина за извршување напади со долг дострел врз Русија и нагласи дека нафтената индустрија на земјата веќе ја плаќа цената на војната.

Зеленски рече дека на состанокот присуствувале производители на оружје и сите одговорни за употребата на системи со долг дострел и дека била анализирана ефикасноста на украинските напади во претходниот период.